Пченица со олово за добитокот во Битолско

Bez autora
May 22 2012

Над 20 тони пченица со олово завршила како добиточна храна, откако била пуштена во промет без потребните анализи и дозволи од Агенцијата за храна и ветеринарство. Останатите количини од 200 тони пченица кои неодамна биле увезени во Македонија се повлечени, а во меѓувреме се чекаат резултатите од анализите, колкава количина од житото содржи олово над дозволените граници. Cпоред првичните информации, само една од мострите земени за анализа од пратката од 19 камиони со пченица, увезени од Украина, покажала присуство на олово. Тој објаснува дека во моментов во Агенцијата се истражува дали примерокот бил несоодветно земен, односно дали тоа е причината за ваквиот исход на лабораториските испитувања. Во меѓувреме, увозникот, фирма од Битола, која пченицата ја пуштила во употреба без да ги дочека резултатите од мострите, поточно без потребните документи од Агенцијата, доби казна од 5.000 евра.

Пченица со олово за добитокот во БитолскоНад 20 тони пченица со олово завршила како добиточна храна, откако била пуштена во промет без потребните анализи и дозволи од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Останатите количини од 200 тони пченица кои неодамна биле увезени во Македонија се повлечени, а во меѓувреме се чекаат резултатите од анализите, колкава количина од житото содржи олово над дозволените граници.

Директорот на Агенцијата, Дејан Рунтевски, вчера истакна дека според првичните информации, само една од мострите земени за анализа од пратката од 19 камиони со пченица, увезени од Украина, покажала присуство на олово. Тој објаснува дека во моментов во Агенцијата се истражува дали примерокот бил несоодветно земен, односно дали тоа е причината за ваквиот исход на лабораториските испитувања. Во меѓувреме, увозникот, фирма од Битола, која пченицата ја пуштила во употреба без да ги дочека резултатите од мострите, поточно без потребните документи од Агенцијата, доби казна од 5.000 евра.

Испочитувана е процедурата на граничната контрола, но згрешен е начинот на земање на мострата, која е од несоодветно место. Се работи за грешка од човечки фактор. По завршување на постапката внатре, во Агенцијата, која треба да покаже колку од сомнителните количини се пуштени во промет, а колку се повлечени, ќе информираме за мерките што ќе бидат преземени, информираше Рунтевски. Тој соопшти дека по добивањето на анализите, веднаш е даден налог за повлекување на количините кои евентуално би се нашле во промет. Оваа пченица и претходно е увезувана, а резултатите биле секогаш добри, истакна директорот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik